Свет Европа Клаус тргнува во борба за референдум против бегалците

Клаус тргнува во борба за референдум против бегалците

Поранешниот чешки претседател, Вацлав Хавел, денеска тргнува во борба за Чесите да добијат право на референдум или на предвремени парламентарни избори да одлучат дали воопшто ќе примат какви било бегалци, бидејќи се покажало оти ЕУ со голема сила владее над малите.

Според Клаус, Владата не добила маднат да носи одлуки кои можат во целост да ја изменат безбедноста и карактерот на државата.

Поранешниот претседател веќе почна консултации со парламентарни и вонпарламентарни партии за да го испита пулсот, односно дали има волја за распишување референдум.

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ во вторникот одобрија распределба на 120.000 бегалци врз основа на квоти. Чешка, Словачка, Романија и Унгарија првично беа против оваа одлука.