Македонија Кирацовски: Одлуката на граѓаните води кон сериозни промени

Кирацовски: Одлуката на граѓаните води кон сериозни промени

Се заблагодарувам на сите граѓани што придонесоа за мирна атмосфера на изборите и ги повикувам сите кандидати да ги признаат изборите, порача на прес-конференција Александар Кирацовски, генерален секретар на владејачкиот СДСМ.

Тој од името на СДСМ изрази задоволство од текот на изборите и порача дека победата е на граѓаните на Македонија.

– Одлуката на граѓаните е за сериозни промени кои водат во живот. Вечерва победуваат Република Македонија и нејзините граѓани – рече Кирацовски.

Тој порача дека првпат по 10 години имало фер и демократски избори, одговарајќи на прашање како ја коментира изјавата на Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, дека имало нерегуларности.

– По една деценија, имаше навистина фер и демократски избори во Македонија и ако Груевски имал индиции за нерегуларности, требало да ги соопшти – рече генерален секретар на владејачката партија.