Економија Кинескиот јуан паѓа втор ден, паѓаат и светските берзи

Кинескиот јуан паѓа втор ден, паѓаат и светските берзи

Кинеската централна банка денеска повторно го намали курсот на јуанот, еден ден откако кинеската валута имаше рекорден пад од 1,9 отсто.

Со денешниот пад од 1,8 отсто, јуанот за два дена падна во однос на доларот повеќе отколку во последните 20 години.

Одлуката на Кинеската централна банка предизвика пад на акциите во светот. Вчера беа забележани загуби во Азија, Европа и во САД.

Кинеското министерство за трговија оценува дека ослабениот јуан ќе го зголеми извозот, кој во јули забележа пад од 8 проценти.

Централната банка на Кина соопшти дека јуанот падна за курсниот систем да биде повеќе пазарно ориентиран.

ММФ ја поздрави одлуката на Пекинг да се сврти кон пофлексибилен курс.

Инвеститорите тој потег го гледаат како обид за стимулирање на забавената економија, имајќи предвид дека поевтиниот јуан ќе ја поевтини кинеската стока и со тоа ќе ја зголеми нејзината конкурентност.