Свет Свет Ким Јонг-нам бил убиен со боен отров

Ким Јонг-нам бил убиен со боен отров

Ким Јонг-нам, полубратот на севернокорејскиот лидер, Ким Јонг-ун, бил убиен со боен отров „ве-икс“ (VX), соопшти денеска малезиската полиција.

Оттаму велат дека ќе се истражува како таа хемикалија стигнала во Малезија.

Овој боен отров е едно од најсмртоносните хемиски оружја, а САД го класифицираат како оружје за масовно уништување кое тешко може да се открие на аеродром ако се внесе во мали количества.

Полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун беше убиен во Малезија на 14 февруари.