Свет Балкан Киднапирани српски државјани во Либија

Киднапирани српски државјани во Либија

Службеничка на српската амбасада во Либија и нејзиниот возач биле киднапирани попладнево во градот Сабрат.

На колоната возила, во која бил и амбасадорот, било пукано, при што ранет е еден либиски државјанин, а амбасадорот не е повреден. Киднапираните државјани на Србија биле во другиот автомобил.

Во соопштението на министерството за надворешни работи на Србија се наведува дека двајца службеници на Амбасадата на Република Србија во градот Сабрат во Либија се киднапирани во попладневните часови.

„Киднапирани се Слаѓана Становиќ и Јовица Степиќ. Министерството за надворешни работи ги извести и службите за безбедност. Потпретседателот на владата и шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, по тој повод разговараше со министерот за надворешни работи на Либија, Мохамед Имхамид Абдулазиз“, се наведува во соопштението.