Свет Киднапирани четворица Италијанци во Либија

Киднапирани четворица Италијанци во Либија

Четири италијански градежни работници се киднапирани во Либија, соопшти италијанското министерство за надворешни работи.

Работниците се киднапирани околу комплексот на нафтената компанија ЕНИ, на подрачјето на Мелитах, западно од Триполи.

Формирана е кризна единица која е во постојан контакт со семејствата на киднапираните.

Министерство потсети дека италијанската амбасада во Либија е затворена од 15 февруари и оти оттогаш им е порачано на Италијанците да ја напуштат земјата поради хаотичната ситуација.

Во Либија владее хаос по соборувањето и по убиството на либискиот лидер Моамер ел Гадафи. Либија е поделена меѓу меѓународно признаената влада со седиште во Тобрук, на истокот, и другата влада во Триполи, која ги поддржува исламските бунтовници.