Свет Киднапирани 26 катарски ловџии во Ирак

Киднапирани 26 катарски ловџии во Ирак

Непознати напаѓачи денеска киднапирале најмалку 26 катарски државјани на нивната база за лов во ирачка пустина, поставена во близина на границата со Саудиска Арабија, соопшти полицијата.

Двајца полицајци од Самава го потврдија киднапирањето и соопштија дека безбедносните сили покренале голема потрага.

– Вооружената група се возела со десетина камиони и киднапирала најмалку 26 катарски ловџии од нивната база во пустината во подрачјето Бусаја, во близина на границата со Саудиска Арабија – соопшти гувернерот на Самава.