Хроника Кичевец се обидел да прошверцува 22 златници на „Александар Велики“

Кичевец се обидел да прошверцува 22 златници на „Александар Велики“

Царински тим на скопскиот аеродром „Александар Велики“, вчера попладне, во багажот на македонски државјанин, кој пристигнал од Рим, открил 22 златници вредни 12.000 американски долари, соопштија денеска од Царинската управа.

Како што информираат оттаму, станува збор за кичевецот Н.Р., кој, иако се упатил кон зелениот канал, каде минуваат патници кои немаат што да пријават, цариниците сепак го селектирале за детална контрола.

„При контрола на личниот багаж, во патна торба, помеѓу личните предмети завиткани во хартиена кеса, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи пронајдоа 22 златници со вкупна тежина од 307 грама. Вкупната вредност на златниците, според пронајдената фактура, изнесува 11.645 американски долари или околу 647.578 денари“, стои во соопштението на Царината.

Оттаму додаваат дека златниците биле привремено задржани, а против кичевецот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.