Свет Кери и Лавров: Важно е да се воспостави примирје во Сирија

Кери и Лавров: Важно е да се воспостави примирје во Сирија

Руското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Сергеј Лавров и неговиот колега Џон Кери телефонски разговарале за Сирија.

Лавров и Кери се сложиле дека е нужно да се постигне примирје и хуманитарната помош да стигне до подрачјата кои се под блокада.

Мировните преговори меѓу сириската влада и опозицијата, под посредство на ОН, се прекинати минатата недела, поради офанзивата на силите на Башар ал Асад, кои со поддршка од руски воздушни удари, напредуваат кон западот на земјата каде што контролата ја имаат бунтовниците.