Свет Свет Кери и Лавров го продолжуваат примирјето во Сирија за уште 48 часа

Кери и Лавров го продолжуваат примирјето во Сирија за уште 48 часа

Државниот секретар на САД, Џон Кери, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се согласија договорот за прекин на огнот во Сирија да се почитува и да се продолжи за уште 48 часа за да се овозможи подобар хуманитарен пристап.

– Постои согласност договорот во целост да се почитува, и покрај некои извештаи за насилство – изјави портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер.

Според неговите зборови, Кери и Лавров во разговор се договориле да го продолжат примирјето уште 48 часа.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека не регистрирала ниту една жртва ни помеѓу цивилите ниту помеѓу борците во конфликтот во Сирија во првите 48 часа од примирјето, кое стапи на сила во понеделникот вечерта.