Свет Свет Кенија: Ал Шабаб масакрираше 36 немуслимани

Кенија: Ал Шабаб масакрираше 36 немуслимани

Сомалиската милитантна група Ал Шабаб во Кенија масакрираше 36 немуслимани, работници на каменолом. Најмалку четворица се обезглавени. Кениските власти се загрижени поради прекуграничниот упад на милитантите од Сомалија, кои се поврзани со Ал Каеда.

Сомалиските милитанти од Ал Шабаб упаднале во пограничниот каменолом во северниот кениски град Мандере, делејќи ги работниците на муслимани и на немуслимани, по што ги убиле 36-те лица.

Жртвите се нападнати нешто по полноќ, додека спиеле во шаторите, во близина на каменоломот во кој работеле.