Македонија Ќе се вакцинираат мигрантите што престојуваат во Македонија

Ќе се вакцинираат мигрантите што престојуваат во Македонија

Доктори инфектолози и дерматовенеролози ќе ги посетат мигрантите во прифатниот центар за странци во Гази Баба поради опасност од ширење заразни заболувања, шуга и вошки, најавија здравствените власти. Донесена е одлука да се вакицинираат сите мигранти што ќе престојуваат во Македонија, а комисијата за заразни болести од Министерството за здравство подготвува план за имунизација, објави „Алсат-М“.

– Важно е да бидат вакцинирани сите оние кои подолго се задржуваат во Македонија. За тие што само транзитираат, може да се изврши дезинфекција на превозните средства, возовите или автобусите, а за тие што подолго од 72 часа ќе останат во земјава, по која било основа, доколку во себе немаат доказ дека се вакцинирани, ќе се прави вакцинација – изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.