Македонија Ќе се гради ново казино во Гевгелија

Ќе се гради ново казино во Гевгелија

Во Гевгелија, во близина на граничниот премин Богородица, ќе се гради уште едно ново луксузно казино. Градежната парцела е веќе продадена и наскоро ќе почнат градежните активности, информираат од Општината.
Во близина на граничниот премин Богородица веќе работат три големи казина, „Аполониа“, „Фламинго“ и „Принцес“, кои обезбедуваат вработување за жителите на општината.