Македонија Ќе има трета рунда преговори во Брисел меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Ќе има трета рунда преговори во Брисел меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Заврши втората рунда преговори меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ во Брисел.

По средбата беше објавено само кусо соопштение од европскиот посредник, европратеникот Едвард Кукан, во кое се потврдува дека ќе се одржи и трета рунда. Други изјави за јавноста нема. Непознато е за што разговарале присутните, ниту дали е постигнат некаков договор.

Европските посредници се обидуваат да им помогнат на „завојуваните“ страни да најдат политичко решение за бојкотот на опозицијата во Собранието и за дијалогот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, како и за последиците од аферата „Пуч“ и од „бомбите“ на опозицијата.