Економија Ќе бидат исплатени субвенциите за овоштарите и за лозарите, велат од МЗШВ

Ќе бидат исплатени субвенциите за овоштарите и за лозарите, велат од МЗШВ

Подготвени се решенијата за исплата на субвенции на 544 овоштари во висина од 28 милиони денари, пари што производителите ќе ги добијат на почетокот од неделава, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Освен за овоштарство, подготвени се и решенијата за исплата на субвенции за лозарство и за штетите од невремето во општина Гази Баба. Исплатата на овие субвенции ќе биде на почетокот на следната недела.

Во однос на исплатата на обесштетувањето за ланските пролетни мразови во Преспанскиот Регион, Министерството подготвило информација која ќе се разгледува на една од следните владини седници.