Хроника Кавадарчанец со нож нападнал полицаец

Кавадарчанец со нож нападнал полицаец

Дваесет и осумгодишен кавадарчанец минатата недела со нож нападнал полицаец пред полициската станица во градот, информираат од полицијата.

Како што соопштуваат оттаму, осомничениот О.К., на 23 јануари, околу 16 часот, без повод и причина му се доближил на полицискиот службеник и почнал да му се заканува, а потоа го нападнал со нож. Тој веднаш бил совладан и уапсен.

Од полицијата додаваат дека осомничениот претходно бил приведен во полициската станица откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа и избегал од местото на настанот.

По документирањето на случајот, против О.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.