Свет Свет Католичката црква исплати милиони долари на жртвите на педофилија

Католичката црква исплати милиони долари на жртвите на педофилија

Американската Католичка црква потрошила 120 милиони долари за обесштетување на жртвите на сексуална злоупотреба и 30 милиони долари за програми за борба против педофилија, во периодот меѓу јуни 2013 година и јуни 2014 година, пишува во годишниот извештај кој го нарачале бискупите.

Во тој извештај се истакнува дека 120 милиони се потрошени на обесштетување, терапии за жртви и на адвокатски трошоци, додека 30 милиони долари биле вложени во превенција, пренесува „Хина“.