Македонија Катица Јанева и официјално избрана за специјален обвинител

Катица Јанева и официјално избрана за специјален обвинител

Советот на јавни обвинители едногласно ја избра Катица Јанева за специјален обвинител. Тројца обвинители кои зедоа збор, го пофалија овој предлог и рекоа дека таа ја заслужува оваа функција.

Претходно, пратениците на пленарна седница го потврдија предлогот на Комисијата за избори и именувања, Катица Јанева да се избере за специјален јавен обвинител за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите.

Вечерва, пак, со 111 гласа „за“ од присутни 114 пратеници, беше изгласан Законот.

Јанева утре претпладне ќе положи заклетва.