Главна секција Катица Јанева е специјалниот јавен обвинител

Катица Јанева е специјалниот јавен обвинител

Катица Јанева, oбвинителка од Гевгелија, е специјалниот јавен обвинител. Ова е договорот од маратонските преговори помеѓу четирите партии, потписнички на Договорот од Пржино, кои траеја до утринските часови, дознава „Мета“.

Како што претходно објави „Мета“, по маратонските разговори на работните тимови на преговарачките групи, партиите утрово постигнаа договор за посебен закон за специјалниот јавен обвинител.

Според процедурата, законот би требало денеска веќе да се најде пред пратениците во Собрание.