Економија Катастарот воведе нова услуга со која се скратува времето за регистрација на...

Катастарот воведе нова услуга со која се скратува времето за регистрација на имот

Катастарот воведе нова услуга со која се скратува времето и постапката за пренесувањето на недвижност од едно на друго лице и регистрација на имот. Со сегашните измени постапката се извршува во три чекори за шест дена, за разлика од порано кога постапката се извршуваше во седум чекори и траеше 30 дена. Разликата во цената со постоечката постапка е од 3.000 до 6.000 денари.

Според директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпевски, со воведувањето на дополнителната ВИП постапка, на граѓаните им се овозможува да имаат избор на кој начин сакаат да ја регистрираат недвижноста.

– Со ова постапката за регистрација на имот завршува, а Катастарот по електронски пат целокупната документација ќе ја проследи до надлежната општина која ќе ја провери процената и ќе донесе даночно решение. Ваквата постапка се одвива во три чекори и ќе трае вкупно шест работни дена од започнувањето на процесот – изјави Трпевски.