Македонија Катастарот утре и задутре нема да прима барања и да издава податоци

Катастарот утре и задутре нема да прима барања и да издава податоци

Агенцијата за катастар на недвижности утре и задутре нема да работи.

Агенцијата во соопштение пишува дека утре и задутре електронскиот шалтер, како и шалтерите во Центарот за катастар на недвижност – Скопје и во одделенијата за катастар на недвижности низ Македонија нема да бидат во можност да примаат барања и да издаваат податоци.

„Агенцијата за катастар на недвижности ќе изврши надградба на својот електронски систем со нови хардверски решенија. По надградбите на електронскиот систем и на хардверот, катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти, ќе се зголеми безбедноста на податоците и ќе се подобри брзината на решавањето на предметите и издавањето на податоците“, пишува во соопштението од катастарот.