Македонија Катастарот ќе работи и викендов

Катастарот ќе работи и викендов

Од 8.30 до 19 часот, викендов ќе работат шалтерите во сите одделенија за катастар на недвижности во земјата, како и во Центарот за катастар на недвижност – Скопје, за да им се овозможи на граѓаните да обезбедат имотен лист кој им е неопходен за навремено поднесување барање за приватизација на дворните места.

Рокот за поднесување барање за приватизација на дворните места истекува в понеделеник, на 15 декември.