fbpx

Инспекциските служби ќе вршат интензивни контроли за време на овој викенд без ДДВ, како за протоколите така и за цените

-

Инспекциските служби за време на викендот без ДДВ, ќе продолжат со интензивни контроли на терен, во делот на почитување на здравствените протоколи, како и на цените на производите, информираат од Влада.

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе спроведува контроли со цел да се спречат можни манипулации со цените на производите. Конкретно ДПИ ќе врши контрола дали цените на производите воведени во трговските книги на трговците, соодветствуваат со истакнатите цени на производите.

„Паралелно ДПИ, ќе спроведува интензивни контроли во однос на почитување на здравствените ковид протоколи во моловите и трговијата на мало (маркети, бутици итн). Конкретно, во моловите, дали се почитуваат мерките во делот на одржување на физичко растојание меѓу купувачите и продавачите од 1,5-2 метри, работно време, дали е обезбедена заштитна опрема (маски и ракавици), одржување на ред за влез во продавниците, обезбедени средства за дезинфекција, редари, регулирање на бројот на купувачи согласно квадратурата на продавницата, ред при пробување во продавниците за облека, обeлежани места за чекање пред касите и друго. Во делот на трговијата на мало, ќе се контролира почитувањето на протоколите во однос на запазување на големината на објектот и дозволеното присуство на бројот на купувачи, заштитна опрема за вработените (маски и ракавици), редарска служба, соодветни ознаки за правец на движење. За непочитувањето на здравствените протоколи предвидени се глоби во зависност од големината на трговците,“ се вели во соопштението од Влада.

Од страна на ДПИ се преземени сите активности за превенирање на можни пропусти за време на викендот без ДДВ, за што се известени поголемите трговци и менаџери на моловите.

В.д директор на УЈП, Фарук Омери нагласи дека сите граѓани кои се корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, за фискалните сметки издадени на деновите 10, 11 и 12 октомври, и пријавени во УЈП со скенирање преку апликацијата „Мој ДДВ“, за купените македонски производи и услуги и компјутерска опрема, ќе им се врати целосниот износ на пресметаниот ДДВ за овие производи во фискалните сметки. Ако досега се враќаше 20 проценти од пресметаниот ДДВ за македонски производи, овој продолжен викенд се враќа целосниот износ на пресметаниот ДДВ.

„Значајно е дека, за враќање на целиот износ на данокот граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од три дена по нивното издавање, а доколку ги скенираат по овој рок, враќањето на ДДВ за овие производи ќе продолжи како до сега, односно ќе се враќа 20% од искажаното ДДВ во фискалната сметка. Важно да се напомене и дека, вкупниот промет од македонски производи, услуги и комјутерска опрема за кои ќе се враќа целосен износ на ДДВ е 30 илјади денари по лице, а за надминатиот износ на вкупнио промет ќе се пресметува според редовната пресметка односно 20 %“, објасни Омери.

Тој додаде дека државата располага со голем асортиман на домашни производи почнувајќи од прехранбените продукти, текстил, облека, градежни материјали, мебел и друго.

„Широка е лепезата на нашите домашни македонски производи и граѓаните може овој викенд да ги направат потребните набавки. Исто така, акцент е ставен и на компјутерската опрема со тоа што во овој период, односно од 10-12 октомври, истата независно од потеклото, во фискалните сметки ќе се регистрира како промет од македонски производи, се со цел граѓаните да ги искористат придобивките од купување на компјутерската опрема, имајќи во предвид колку е таа сега во овој период неопходна“, истакна Омери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...