Владата предвиде 170 милиони евра промет, но граѓаните потрошија само 9 милиони евра за викендот без ДДВ

-

Во деновите 10, 11 и 12 октомври 2020 година, вкупно 204.088 граѓани купиле македонски производи и услуги како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ, информираат од Управата за јавни проходи (УЈП).

Од таму додаваат дека во Викендот без ДДВ остварен е промет од 558.176.715 денари (9.120.534 евра) со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од 66.853.929 денари (1.087.056 евра).

„Од анализите и споредбите што ги направи Управата за јавни приходи потрошувачката на македонски производи во овој Викенд без ДДВ во споредба со потрошувачката на истите производи во претходните викенди во истиот месец е за 2,2 пати зголемена. Според податоците скенирани се трипати повеќе фискални сметки и остварен е и 9,5 пати поголем промет од македонски прозиводи овој викенд во однос на истиот од минатата година,“ се додава во соопштението.

Владата пак, за оваа прва мерка од четвртиот сет антикризни мерки предвидуваше дека ќе се потрошат над 170 милиони евра, а повратот на ДДВ ќе биде во вкупна висина од 17 милиони евра.

Прашан за потфрлувањето на проекциите, премиерот Зоран Заев рече „причините се комплексни“ но и затоа што е сиромаштија.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...