Македонија Каталог за државните деловни простории кои се на продажба

Каталог за државните деловни простории кои се на продажба

На веб-страницата на Министерството за транспорт и врски е објавен каталог со податоци за 100 државни деловни простории во 19 градови низ земјава, што се огласени на продажба преку јавно електронско наддавање.

Во каталогот има информации за локацијата, квадратурата и за почетната цена на објектите, како и фотографии.

Стоте објекти, за кои беше објавен оглас за продажба на 12 овој месец, се први од вкупно 1.000 државни деловни простории кои Владата одлучи да ги продаде на барање на приватниот сектор.

Почетната вредност на стоте деловни објекти се проценува на 5 милиони евра. Огласот трае 30 дена. Право да аплицираат сите домашни и странски компании, како и физички лица, кои покрај апликацијата треба да достават и банкарска гаранција во висина од 2 проценти од проценетата вредност на објектот.