fbpx

Угостителски објекти во Скопје и Битола ќе добијат кривични пријави поради непочитување на здравствените протоколи

-

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) вчера во повеќе градови во државата извршил вкупно 524 контроли и 26 надзори во угостителски објекти, информираат од кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси

Контролите биле вршени по основ на придржување на објектите на пропишаните здравствени протоколи и пропишаното работно време.

„При тоа, утврдени се неправилности во четири угостителски објекти, коишто ги прекршиле протоколите. Поточно, во три објекта во Скопје и во еден објект во Битола, за што ДПИ ќе поднесе кривични пријави. Исто така, затекнати се два нерегистрирани објекти во Битола и Дебар, и еден објект во Скопје кој не го почитувал пропишаното работно време за што ќе се спроведе прекршочна постапка. Воедно изречени се две мерки за прекршок според Законот за угостителство на два угостителски објекти во Дебар и Скопје. Поединечно по градови, во Скопје се извршени 7 надзори, 230 контроли, при што ДПИ изрече три кривични пријави, една прекршочна пријава и една мерка едукација (прекршок по Закон за угостителска дејност). Во Битола ДПИ спроведе 2 надзори, 15 контроли, и изречени се една кривична пријава, и затекнат еден нерегистриран објект. Во Дебар, се извршени 7 надзори, затекнат е еден нерегистиран објект и изречена е една мерка за прекршок по Закон за угостителство,“ се вели во соопштението.

Останатите надзори и контроли се спроведени во Прилеп, Делчево Кочани, Свети Николе, Струмица, Гевгелија, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Куманово, при што од страна на ДПИ не се констатирани прекршувања на протоколите.

Од Влада потсетуваат дека имајќи предвид дека од денеска заклучно со понеделник (12.10.2020) трае викендот без ДДВ, инспекциските служби на ДПИ во текот на денешниот ден и следните денови се постојано на терен и спроведуваат интензивни контроли, не само во делот на почитување на здравствените КОВИД протоколи , туку и во делот на тоа дали цените на производите воведени во трговските книги на трговците, соодветствуваат со истакнатите цени на производите, со цел да се спречат можни манипулации со цените на производите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...