Македонија Касами влезе во седиштето на Беса откако вчера приватно обезбедување не му...

Касами влезе во седиштето на Беса откако вчера приватно обезбедување не му дозволи

Билал Касами во придружба на свои приврзаници денеска успеал да влезе во седиштето на партијата Беса во Скопје лоцирано во трговскиот центар Мавровка.

Касами вчера поднесе кривична пријава во полициска станица затоа што три часа не му било дозволено да влезе во просториите каде било ангажирано приватно обезбедување од страна на скопскиот огранок на Беса.

Претходно токму скопскиот огранок на Беса на посебен состанок донесе одлука да го разреши Касами од лидерското столче на партијата и го постави пратеникот Каремани за привремен претседател се до одржување на Конгресот во февруари.

Дел од членството бара Касами да ја прифати одговорноста за поразот на локалните избори на кои и тој директно загуби во трката за градоначалник на Тетово. Оставка од позицијата потпретседател си поднесе Зекирија Ибраими кој ја загуби трката за градоначалник на Чаир.