Спорт Карловиќ го елиминира Ѓоковиќ на турнирот во Доха

Карловиќ го елиминира Ѓоковиќ на турнирот во Доха

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ е елиминиран во четвртфиналето на тенискиот турнир во Доха, откако денеска загуби од хрватот Иво Карловиќ со 2-1 во сетови.

Ѓоковиќ, кој беше фаворит за освојување на прехарот во Доха, го доби првиот сет со 6-7, но Карловиќ, благодарение на одличниот сервис, успеа да се врати во продолжението и да ги добие наредните два сета со 7-6 и со 6-4.

Карловиќ, кому ова му е втор триумф во меѓусебните дуели со Новак Ѓоковиќ, мечот го заврши со 19 аса.

Во полуфиналето хрватскиот тенисер ќе игра против Давид Ферер.