Спорт Капело ќе добие отказ ако Русија не се пласира на ЕП 2016

Капело ќе добие отказ ако Русија не се пласира на ЕП 2016

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Русија, Николај Толстстик, откри дека постои можност селекторот Фабио Капело да добие отказ доколку националната селекција не се пласира на Европско првенство во 2016 година.

Капело во 2012 година ја презеде репрезентацијата на Русија, а минатата година потпиша нов четиригодишен договор, според кој, би требало да биде на клупата до 2018 година, односно до Светското првенство кое ќе се одржи во Русија.
Репрезентацијата на Русија во моментов е трета во групата Г од квалификациите за Европското првенство и има пет бодови помалку од првопласираната Австрија, а еден бод помалку од Шведска, која е на второ место.

– Во договорот постои опција за смена на селекторот во случај на лоши резултати. Доколку репрезентацијата не се пласира на Европското првенство во Франција, тоа би можело да се смета за кршење на договорот – рече Толстстик.

Фудбалскиот сојуз на Русија на почетокот од февруари го намири договорот кон Капело, кој не бил платен од јуни, така што милијардерот Алишер Усманов им позајми околу шест милиони долари за да го намират долгот.