Македонија Канцеларии на Катастар и во Македонска Каменица и во Чашка

Канцеларии на Катастар и во Македонска Каменица и во Чашка

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија отвори две нови канцеларии, во Македонска Каменица и во Чашка. Граѓаните на овие две општини досега  мораа да патуваат во блиските градови за да извадат имотен лист или да направат каква било измена во податоците.

Во двете нови канцеларии ќе се вршат вообичаените постапки од сферата на недвижностите.