Култура Канческа-Милевска им подари вредни артефакти на Гаранча и на Марин

Канческа-Милевска им подари вредни артефакти на Гаранча и на Марин

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, им подарила вредни артефакти на оперската пејачка Елина Гаранча и на романскиот диригент Ион Марин, соопштија од „Охридско лето“.

Канческа-Милевска по спектакуларното отворање на 56. издание на фестивалот „Охридско лето“, синоќа се сретнала со ексклузивните гости кои ги освоија симпатиите на публиката во Античкиот театар.

„Таа им го честиташе успешниот настап на нашиот најреномиран музичко-сценски фестивал и им подари карактеристични и впечатливи артефакти преку кои големите уметници ќе го чуваат споменот за Охрид и за „Охридско лето“. На Елина Гаранча ѝ подари накит со македонски рубин, додека на Ион Марин – приказ на сребрена пафта која е дел од нашето богато културно наследство“, стои во соопштението.

Покрај артефактите, Канческа-Милевска на двајцата ексклузивни гости им подарила и примероци од фото-монографијата „Чудесна Македонија“, во која се прикажани убавините на нашата земја.