Свет Канада: Стигна првиот авион со бегалци

Канада: Стигна првиот авион со бегалци

Првиот авион на канадската влада со бегалци од Сирија утрово слета во Канада, каде бегалците беа пречекани од премиерот Џастин Трудо.

Трудо, пречекувајќи ги 163 Сиријци, рече дека светот покажува како треба да се отворат своите срца.

Новоизбраната канадска влада вети дека со крајот на февруари ќе прими 25.000 бегалци.

Ставот на Канада, кога станува збор за бегалците, се разликува од тој на САД, кои не сакаат да примат мигранти.
Вториот авион со мигранти ќе слета утре во Монтреал.

Канадскиот министер за имиграција, Џон Мекалам, изјави дека сите десет провинции позитивно се изјасниле за примањето бегалци.