Свет Канада го поддржува американскиот напад во Сирија

Канада го поддржува американскиот напад во Сирија

Канада целосно ги поддржува нападите на САД врз сириската воена база во провинцијата Холмс, соопшти денеска канадскиот премиер Џастин Трудо.

– Користењето хемиско оружје од сирискиот претседател Башар ал Асад и злосторствата извршени од сирискиот режим врз народот во земјата не можат да бидат занемарени – нагласи канадскиот премиер.

Сепак, тој истакна дека Канада ќе продолжи да ги поддржува дипломатските напори за решавање на кризата во Сирија.

Нападот на воената база го нареди американскиот претседател Доналд Трамп, како одговор на нападот со хемиско оружје во Идлиб, за кој постојат индиции дека го извршиле силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.