Свет Свет Канада до крајот на следната година ќе прими 50.000 сириски бегалци

Канада до крајот на следната година ќе прими 50.000 сириски бегалци

Канада до крајот на 2016 година ќе прими поголем број бегалци од Сирија, до 50.000 лица, изјави денеска канадскиот министер за имиграција и за државјанство, Џон Мекалум.

Министерот за време на посетата на Јордан, се сретнал со семејства што побегнале од Сирија и кои се подготвувале да заминат во Канада.

Новата канадска либерална влада работи на исполнување на ветувањето за прием на 25.000 сириски бегалци до крајот на февруари следната година.

Мекалум изјави дека Канада се надева дека ќе прими меѓу 35.000 и 50.000 сириски бегалци до крајот на 2016 година.