Свет Канада дневно следи милиони луѓе на интернет

Канада дневно следи милиони луѓе на интернет

Канадските разузнавачки служби секојдневно следат милиони луѓе на интернет за да се разоткријат терористите и нивните планови, јавува телевизиската куќа „Си-Би-Си“, повикувајќи се на поранешниот соработник на американската Национална агенција за безбедност, Едвард Сноуден.

Во рамките на проектот, со кој раководи канадскиот Центар за безбедност за комуникации, секојдневно се собираат 10-15 милиони интернет-документи, вклучувајќи ги и оние од мобилните телефони. Ваквите податоци, како што јавува телевизијата, потоа се архивираат и се анализираат.