Свет Европа Во Кан забрането носење големи торби на плажа

Во Кан забрането носење големи торби на плажа

Властите на францускиот град Кан им забранија на граѓаните и на туристите на локалните плажи да носат големи торби. Одлуката, како што велат, е од безбедносни причини и треба да спречи терористички напади.

Градоначалникот на Кан, Давид Лиснар, изјави дека новата мерка овозможува да се спречи внесување „торби кои би можеле да содржат експлозив или оружје, а со тоа ѝ се овозможува на полицијата да интервенира на прагматичен начин“.

Лиснар рече дека забраната за внесување големи ранци, куфери и други големи торби ќе биде на сила со крајот на октомври.

Мерката е воведена две недели откако Тунижанецот Мохамед Булел со камион покоси и уби 84 лица на шеталиштето во Ница, 33 километри североисточно од Кан, како и два дена откако двајца напаѓачи во црква во Нормандија убија постар свештеник.