Свет Свет Камшик за тие што ќе чуваат мајмун или куче во Иран

Камшик за тие што ќе чуваат мајмун или куче во Иран

Казната е 74 удари со камшик и парична казна од 300 до 3.000 долари

Сите што ќе чуваат куче или мајмун во Иран ќе бидат казнети парично и со удари со камшик, објави италијанскиот весник „Стампа“.

Триесетина пратеници конзервативци поднеле во парламентот нацрт-закон со кој ќе се казнуваат луѓето кои купуваат кучиња или мајмуни или кои ги „шетаат“ тие животни на јавни места.

Казната е 74 удари со камшик и парична казна од 300 до 3.000 долари.

Казни ќе има и за оние кои организираат изложби на кучиња.

Според подносителите на законот, кучињата и мајмуните се нечисти животни.