Македонија Кампањата „Црвен телефон“ на „Њу момент“ доби „Сребрен лав“ во Кан

Кампањата „Црвен телефон“ на „Њу момент“ доби „Сребрен лав“ во Кан

Агенцијата „Њу момент“ освои „Сребрен лав“ за кампањата „Црвен телефон“ на најголемиот фестивал за креативни индустрии во Кан.

Во категоријата за односи со јавноста, во која оваа кампања го освои второто место, се натпреварувале 2.000 кампањи од целиот свет.

Кампањата за ТВ „Телма“ траеше неколку дена во информативните емисии, а креативен дриректор е Душан Дракалски.

„Њу момент“ освои  „Титаниумски лав“ во 2013 година и стана прва агенција од овој регион со ваква награда, за видеоспот што беше изработен за Владата и со него се промовираше мир и разбирање меѓу муслиманите и христијаните преку заедничка молитва.