Македонија Кампања за Нова година без петарди

Кампања за Нова година без петарди

„Среќна и безбедна 2015 година – во семејно и пријателско дружење“ е мотото на годинешната кампања за подигнување на свеста на граѓаните во однос на употребата на петарди и на други пиротехнички средатва. По повод оваа акција, денеска се одржа и симулациска вежба од активисти на Црвениот крст и МВР пред ТЦ „Капитол“ во населбата Аеродром.

МВР, покрај оваа кампања, ќе преземе и мерки против продавачите на петарди и на пиротехнички средства, со тоа што прво ќе бидат лоцирани и потоа, откако ќе бидат фатени, против нив ќе бидат поднесувани соодветни пријави.

Според статистиката, повеќе од 150.000 луѓе во светот годишно остануваат инвалиди поради неправилна употреба на пиротехнички средства, а од нив околу 80 проценти се деца.