Свет Европа Камион влета на божиќен базар во Берлин, има загинати и повредени

Камион влета на божиќен базар во Берлин, има загинати и повредени

Најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени кога камион влета во штандовите на божиќниот базар во Берлин, пренесуваат германските медиуми.

Засега не е познато дали станува збор за организиран напад или за сообраќајна несреќа.
Полицијата се сомнева дека се работи за терористички напад.

Властите соопштија дека се повредени голем број луѓе, но нема официјална информација за точен број на жртви и на повредени.

Сведок за „Си-ен-ен“ изјавил дека камион без регистарски таблички удрил во штандовите и се движел со брзина од 80 километри на час.