Македонија Ќамили: Лица во црни униформи легитимираат во Тетовско

Ќамили: Лица во црни униформи легитимираат во Тетовско

Им се заканувале на вработени во „Водовод“ Тетово

Земри Ќамили,заменик министерот за внатрешни работи, вчера потврди дека во Tетовско, лица во црни униформи легитимирале граѓани и им се заканувале.

– Во неделата е евидентиран случај кога непознати лица, облечени во црно, но без обележја, им се заканувале на вработени во тетовски „Водовод“, но не се претставиле како претставници на Илирида – изјави Ќамили.