Свет Европа Камерон почна преговори за односите на Велика Британија со ЕУ

Камерон почна преговори за односите на Велика Британија со ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска најави дека во Рига, со своите колеги од Европската унија, ќе почне разговори за реформите во ЕУ и за иднината на британските односи со Унијата, потврдувајќи дека за тоа Британците ќе одлучуваат на референдум.

– Последниот пат кога се сретнав со европските челници, изразив надеж дека ќе можам на британските граѓани да им дадам право да го кажат своето мислење за членството на Велика Британија во ЕУ и сега е сигурно дека референдумот ќе се случи – рече Камерон по доаѓањето на вториот ден од Самитот на членките на ЕУ и на шесте земји од источното партнерство.

Ова е прв самит на Камерон по неговиот неочекуван триумф на парламентарните избори.

– Денеска ќе ја почнеме најсериозната расправа со европските колеги за реформите во ЕУ и за преговорите за односите на Обединетото Кралство со ЕУ. Преговорите нема да бита лесни и брзи. Ќе има различни погледи и несогласувања, но ќе работиме заедно во вистински дух и се надеваме дека ќе најдеме заедничко решение што ќе ги задоволи британските граѓани и ќе ја подобри ЕУ во целина – рече британскиот премиер.