Свет Европа Камерон уверен во нови и променети односи со ЕУ

Камерон уверен во нови и променети односи со ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон изрази уверување дека ќе следат нови и променети односи со Брисел откако покрена обид за измена на договорот со Европската унија, пред најавеното одржување на националниот референдум за напуштање на таа заедница до крајот на 2017 година.

– Пред сè, мило ми е што почна процесот на британските реформи, повторното преговарање и референдумот кој ќе се одржи. Нема да биде лесно решавањето на сите тие прашања, но уверен сум дека ќе постигнеме значајни реформи – рече Камерон, додавајќи дека на крајот на тој процес Лондон ќе има ново и променето членство, кое ќе биде подобро за Велика Британија и за Европа и дека таквите разговори бараат упорност и трпение.

Камерон рекол дека во Брисел се расправало за значителни измени, вклучувајќи и договори кои треба да бидат финализирани пред референдумот во Велика Британија.

– Никогаш не може да се случи да добиете согласност за измени во договорите во сите 27 парламенти пред одржувањето на референдумот – рекол Камерон.