Свет Европа Камерон пред парламентот ќе го претстави договорот со ЕУ

Камерон пред парламентот ќе го претстави договорот со ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон пред парламентот ќе го претстави договорот што во петокот го постигна со своите европски партнери, четири месеци пред најавениот референдум за останувањето или излегувањето на Британија од Европската унија.

Камерон се надева дека Британците ќе гласаат за останување во Унијата на референдумот на 23 јуни, иако не го придоби лондонскиот градоначалник Броси Џонсон, кој се приклучи кон приврзаниците за излез од ЕУ.

Камерон сега пред себе има четири месеци да ги увери Британците во поволноста на договорот што го постигна со Брисел за посебниот статус на Велика Британија во ЕУ.