Свет Европа Камерон: Британија треба да се приклучи на коалицијата против ИД

Камерон: Британија треба да се приклучи на коалицијата против ИД

Британскиот премиер Дејви Камерон во обраќањето пред парламентот рече дека Велика Британија треба да се приклучи на меѓународната коалиција во воздушните напади против исламистите на Исламска држава во Сирија.

– Милитантите се закана за нашиот начин на живот – рече Камерон.

За барањето на Камерон, парламентот ќе одлучува следната недела.

Во понеделникот Камерон ѝ одобри на Франција да ја користи британската воздухопловна база во Кипар.