Хроника Каменуван воз и повреден патник

Каменуван воз и повреден патник

На влезот на Железничка станица Скопје, во непосредна близина на зградите на улица Михаил Чаков, од паркот пред зградите, од страна на непознато лице е извршено каменување на патничкиот воз бр.644, кој сообраќа на релација Битола – Скопје со моторна гарнитура број В 716-107, сопственост на „Македонски железници“.

Од каменувањето е скршено едно неподвижно стакло од наведената гарнитура, при што е повреден патникот Н.Г. (1991) од Прилеп, кој со возило на итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“.