Свет Од топлотниот бран во Пакистан починаа повеќе од 1.200 лица

Од топлотниот бран во Пакистан починаа повеќе од 1.200 лица

Досега во пакистанскиот град Карачи починаа 1.233 лица како последица на топлотниот бран. Од 20 јуни досега во болниците се примени околу 65.000 лица кои имале топлотен шок.

Tемпературата во градот сега е пониска за разлика од минатата недела, кога достигнуваше 45 Целзиусови степени. Сега се движи околу 34 Целзиусови степени.

– Благодарение на брзата реакција на властите и на медицинските установи, ситуацијата во последните денови се подобрува, па на лекување во локалните болници во моментов има само нешто околу 2.000 лица – истакна Боздар Мохамад, директор во Управата за вонредни ситуации.