Македонија Кај темелите на крстот во Бутел е мирно и празно, шаторите отстранети

Кај темелите на крстот во Бутел е мирно и празно, шаторите отстранети

Денеска во скопски Бутел, на местото каде што два дена кампираа граѓани кои се противеа на одлуката да се постави крст висок 55 метри, е мирно и вообичаено за саботно претпладне.

Има само поголема раздвиженост на возила кои одат кон гробиштата „Бутел“, поради верскиот празник Задушница.

Впрочем, тоа беше и причината на раководството на ДУИ да одлучи да го отстрани кампот од местото каде пред една недела беше поставен камен-темелник за изградба на крст.

Засега не се знае дали кампот е отстранет трајно или е само за денешниот христијански празник. Таму сега има само екипи кои поставуваат нова палма на местото на запалената.

Ги нема шаторите, а останати се само јагленосаните трупци кои гореа до доцна синоќа.

Мирно е и на местата каде што синоќа беа запрени и граѓаните кои тргнаа да го бранат поставувањето на темелите на крстот.