fbpx

Музика, знамиња, чај и пароли во „кампот“ кај темелите на крстот во Бутел

-

Со албанска музика, покрај огнови, педесетина претежно млади Албанци го продолжуваат протестот на местото каде што во неделата беа поставени темелите на крстот во општина Бутел.

Запалената палма и затрупаните темели на крстот, кој треба да биде висок 55 метри, се сведоци на синоќешните мали инциденти на протестот.

На местото и понатаму се кампува, има поставени два мали и еден голем шатор. Како што забележа репортерот на „Мета“, за луѓето што ќе кампуваат има обезбедно храна пијалаци, кафиња и чај.

Има албански знамења и пароли на кои пишува „Албанците муслимани и Албанците католици се против поставување на верски симболи“.

Околу местото на кампот е забележано мало полициско обезбедување и засега, како што дознаваме, нема никакви инциденти.

Соговорниците со кои разговаравме велат дека ќе останат сè додека не се повлече одлуката за поставување на крстот.

– Ние не сме против изградба на црква, но сметаме дека местото на крстот не му е тука. Ако има план да се изгради црква, воопшто не би се бунеле. Мислам дека ова е само провокација кон Албанците, но тоа нема да го дозволиме. Ако сакаат, можат слободно да изградат лав – вели нашиот соговорник кој инсистираше да остане анонимен.

Според соговорниците, протестот не е политички, туку има членови од различни политички партии. Тие велат дека нема да се откажат од својата намера на ова место да нема крст.

Група демонстранти предводена од раководството на ДУИ синоќа протестираа во Бутел на местото каде што е поставен камен-темелникот за крстот. Тие го разурнаа целиот ограден простор околу темелникот и поставија шатори и албански знамиња.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...