Хроника Кај Миравци нападнати и ограбени двајца мигранти од Мароко

Кај Миравци нападнати и ограбени двајца мигранти од Мароко

Двајца државјани на Мароко, кои илегално ја поминале македонско-грчката граница, вчера околу 14 часот, во полициската станица во Гевгелија пријавиле дека биле нападнати и ограбени од четворица разбојници, информира полицијата.

Според пријавата, двајцата мигранти, во понеделникот, во близина на селото Миравци, биле пресретнати од четири непознати лица, кои ги нападнале со дрвени палки и со електричен пиштол. Заканувајќи им се дека ќе ги убијат, разбојниците од мигрантите одзеле околу 600 евра, два мобилни телефони и патничка троба во која имало облека.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.